ЛАЈКА НАЈАВУВА: ОТВОРЕН ДЕН ЗА ВОЛОНТЕРИ – 05 ЈУНИ / САБОТА / 10:00 – 14:00 часот

Во рамките на своите редовни активности и на барање на граѓаните кои не следат и ја поддржуваат нашата работа на 5-ти јуни, сабота, од 10:00 до 14:00часот ќе се одржи ОТВОРЕН ДЕН во прифатилиштето на ЈП Лајка.

И овој пат волонтерите ќе може да придонесат за подобрување на благосостојбата на кучињата згрижени во прифатилиштето на ЈП Лајка и да уживаат со нив преку дружење, прошетки, играње, хранење, бањање и чешлање.


Притоа ќе може да добијат повеќе информации за секое од нив, за целиот хуман третман низ кој што имаат успешно поминато, за процесот на вдомување, како и практични совети при вдомување на куче.


*Бројот на места е ограничен затоа е потребно да го потврдете вашето присуство на volontiraj@lajka.com.mk*

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре, 21.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Денеска Овенот главно ќе се занимава со документација со акцент на довршување на …