(ФОТО) Прв заеднички ангажман на двата кралски пара: Меган и Кејт без директен контакт со очи!

Меган Маркл ја одработи својата прва службена должност со идниот сопруг, принцот Хари, неговиот брат Вилијам и војвотката Кејт. Стручњакот за говор на телото, Џуди Џејмс тврди дека глумицата не се срамела, туку била со став, одлучна да се слушне нејзиниот глас. Таа вели дека Меган е новата „принцеза на народот”.
Џејмс наведува дека Меган воопшто не била нервозна поради јавното појавување, дури Кејт Миделтон имала поголем израз на страв.
Меган во британските медиуми е окарактеризирана како „новата Дијана” поради својата спонтаност и непосредност, емотивен пристап и енергија со која зрачи, а “The Sun” пишува дека таа со сигурност е новата “принцеза на народот”.

Принцовите Хари и Вилијам со нивните партнерки Меган Маркле и Кејт Мидлтон имаа прв заеднички ангажман при отворањето на „Royal Foundation Forum“. Целта на овој настан е да го покаже прогресот на добротворните проекти со кои се занимаваат младите членови на кралското семејство.


Темата на состанокот на Фондацијата беше „Заедно да направиме разлика“.
„Нашата задача не е да го измислиме тркалото, туку да го следиме примерот, оставен во наследство од оние пред нас, да опстојуваме на вредностите кои секогаш биле важни за нашето семејство, а во исто време ги поддржуваме проектите преку понапредни и посоодветни за нашата генерација средства и јавни настапи“, рече Вилијам.

Првите заеднички фотографии на четворицата се појавија по Божиќ, кога заедно со другите претставници на кралското семејство беа на традиционалната божиќна служба во Сандрингам. Но, ова, е нивен прв јавен ангажман.
„Ќе направам се’ што е до мене жените во Англија да добијат храброст и нивната положба да се подобри. Треба да станат свесни за својот глас и да го користат“, истакна Меган.


Меган, која наскоро ќе стане дел од кралското семејство, рече дека со нетрпение очекува поактивно да работи во Фондацијата, бидејќи и досега имала успеси во хуманитарни акции, а била посветена во борбата за правата на жените уште од тинејџерски години.

За оваа прилика Меган носеше со фустан на „Jason Wu“ во вредност од 1.415 фунти, а Кејт Мидлтон беше со фустан на „Seraphine“ по цена од 99 фунти.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во Мароко – Прв пат во јавност: Шон Пен со 34 години помладата партнерка блеснал на филмскиот фестивал во Маракеш

Шон Пен (64) за прв пат се појавил на црвениот тепих со својата нова девојка, …