(ФОТО) Марина Туцаковиќ:„Се борам со туморот па до каде ќе стасам…“

„Можам да кажам дека има нешто добро во ова со болеста, тоа е што ја вратив вербата во човечката добрина и благонклоност, а тоа никогаш не е премногу“ напишала Марина Туцаковиќ…
„Верувајте, страшно е кога тоа им се случува на други, а кога ќе ви се случи вам некако прифаќате и пуштате нагонот за живот да ве тера напред“ напишала една од најпознатите авторки на музички текстови во регионот, Марина Туцаковиќ (65), во објава на социјалните мрежи. На Туцаковиќ во почетокот на минтиот месец лекарите и оперирале малиген тумор на дојката.
Хитмејкерката одлучила да се јави на социјалните мрежи, како што вели, да не кружат погрешни информации за нејзината здравствена состојба. Додала дека ги слуша советите на лекарите кои се исклучително стручни и племенити и кои се борат заедно со пациентите. Сега кога е дома резултатите сеуште не се готови, а Туцаковиќ истакнува дека лекувањето допрва следи.
„Можам да кажам дека има нешто добро во сето ова, тоа што си ја вратив вербата во човечката добрина и благонаклоност, а тоа никогаш не е премногу“ напишала. Во, овие тешки моменти се уверила дека колегите не и се само колеги туку и пријатели и дека има прекрасни млади луѓе со кои е окружена. Притоа мисли на медицинскиот персонал на институтот за онкологија што и дало верба дека не „отишло се по ѓаволите“, како што објаснува. Не ја изневерило ниту семејството за кое и очекувала, како што тврди, да биде на висина на задачата.
„И, така драги мои, одиме понатаму до каде што ќе стасаме. Не го сфаќам ова трагично“ истакнала Туцаковиќ.
Хитмејкерката ќе се бори и понатаму бидејќи нагонот за живот тера понатаму, а тоа можат да го потврдат и сите нејзини сопатнички кои болеста не ги промашила, а ниту поколебала туку и понатаму се позитивни.
„Ве љубам“ со тие зборови ја завршила Марина Туцаковиќ својата објава на која српските медиуми и велат дека е „мајка на естрадата“. Хитмејкерката пишувала хитови за Лепа Брена, Харис Џиновиќ, Тоше Проески, Здравко Чолиќ и многу други. Авторка е на стиховите на „Што беше тоа љубов“ за Оливер Дргојевиќ, а Мишо Ковач ги испеал нејзините „Малку ми е еден живот со тебе“, „Душата ми е празна“, „Сите пеат а јас не слушам“…како и хитовите на Северина „Гас,гас“, „Гаде“, „Мртов без мене“ и „Триесетти“.


Првиот голем хит на Марина бил „Допри ми ги колената“ на групата „Зана“.
Марина е во брак со композиторот Александар Фута Радуловиќ со кого го има синот Милан. Семејството во 2008. година претрпело голема трагедија кога нивниот син Милош починал во својата 24. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …