(ФОТО) Тајна чувана со децении: Тинејџер пукал на кралицата Елизабета

Кралицата во 1981. година го посетиле Нов Зеланд. Кристофер Луис (17) пукал на неа додека излегувала од автомобилот. Се било „прикриено“ за да државата не се посрамоти…
Полицијата го прикрила обидот на еден тинејџер да изврши атентат на кралицата Елизабета Втора во текот на нејзината посета на Нов Зеланд во 1981. година, покажуваат документите од кои неодамна била отстранета ознаката за тајност.
Во текот на кралската парада во градот Дунедин, 17-годишниот Кристофер Џон Луис се сокрил во кабината на тоалетот и испукал куршум кон кралицата, кога излегла од својот Ролс Ројс.
Куршумот минал покрај нејзината глава, известил денес новозеландскиот портал “Stuff”.
“Паѓање на сообраќаен знак или звук од ауспух”
Иако Луис бил уапсен, никогаш не бил обвинет за обид за атентат, а на новинарите и сведоците им било кажано дека веројатно слушнале паѓање на сообраќаен знак или звук од ауспух на автомобил. Луис подоцна е обвинет само за незаконско поседување и пукање од оружје, пишува “Reuters”.
Новозеландската безбедноста разузнавачка служба – NZSIS, ги објавила досега тајните информации откако “Stuff” во јануари известил за неуспешниот атентат.
Се убил додека го чекал судењето за брутално убиство на жена во Оукленд
“Луис најпрво навистина планирал да изврши атентат над кралицата, но немал добра позиција за пукање, ниту пушка со доволен дострел”, се наведува во документот на разузнавачките служби со кој се потврдува обидот за атентат.
Поранешниот полициски службеник Том Луис, кој се занимавал со случајот на Кристофер, рекол дека политиката се вмешала поради страв дека во земјата повеќе нема да има кралска турнеја поради безбедносните пропусти, пишува “Stuff”.
Објавените информации довеле до отворање на полициска истрага на случајот, објавиле денес властите.
По повеќе од деценија по обидот за атентат, Луис бил обвинет за брутално убиство на жена во Оукленд и киднапирање на нејзината ќерка. Медиумите известиле дека самоубил со струја во 1997. година, додека го чекал судењето за убиството.
Во прошталното писмо демантирал дека е виновен, пишува Mirror.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …