Откако со месеци се обидувале да ја скријат својата романса, глумците Скарлет Јохансон и Колин Јост прв пат се појавил во јавност.
Скарлет Јохансон (33) и Колин Јост се појавиле на еден настан оргнизиран во Американскиот музеј на природна историја во Њујорк.
Иако по црвениот тепих не прошетале рака под рака (или рака за рака), тие сепак се фотографирале заедно и ги потврдиле пишувањата на медиумите дека меѓу нив има повеќе од пријателство.
Ѕвездата на филмот „Изгубени во преводот“ изгледала занесно во црвен фустан од сатен кој ги нагласил нејзините атрибути, додека нејзиниот придружник блеснал во едноставен смокинг.
За овој пар медиумите почнале да пишуват уште во мај, кога биле забележани дека се бакнуваат на една забава.
Додека глумецот се’ уште не впловувал во брачните води, Скарлет зад себе има два брака. Во 2010. година се развела од Рајан Рејнолдс, за да три години подоцна се омажи за францускиот новинар Ромен Доријак. Нивната врска траела се’ до пролетта оваа година.
Нејзиниот нов избраник,32. годишниот Колин, дипломирал на Харвард, добитник е на престижната театарска награда Тони и се смета за многу посакуван маж, и многумина велат дека Скарлет овојпат имала многу среќа.