(ФОТО) ПРВ ПАТ ПРОГОВОРИЛА – ПЛАЧЕВ И ПАЃАВ НА ПОДОТ: Шок исповед на музичката дива! Три пати го доживеала она што е НАЈГОЛЕМАТА БОЛКА за секоја жена!

Музичката дива Шер се отворила за спонтаните абортуси кои ги доживеала за време на нејзиниот несреќен брак со Сони Боно.
Таа своето искуство го споделила на Твитер и напишала дека доживеала три спонтани абортуси, од кои првиот на 18. години.
– Бев сама во нашата куќа. Сони дојде дома, а јас липав и се лулав на подот. Кога го доживеав вториот спонтан абортус, врескав од болка – напишала таа.


Таа вели дека поради ужасните болки лекарите решиле итно да ја однесат во болница и директно во операционата сала.
– Што би се случило со мене денес? – прашала пејачката, осврнувајќи се на поништувањето на пресудата „Роу против Вејд“, која на жените во САД им овозможи право на абортус.
Откако еден фан рекол дека не знаел дека Шер имала спонтани абортуси, пејачката одговорила дека никогаш не помислила дека тоа ќе го сподели со јавноста.

View this post on Instagram

A post shared by Cher (@cher)


– Мајки, сестри, тетки, братучеди, најдобри другарки… ниту една жена не е безбедна во Америка. Наскоро никој со здрав ум нема да биде безбеден – додала таа.
Шер подоцна во животот имала две деца, а своето прво дете, синот Чаз Боно го родила кога имала 22. години. Со нејзиниот покоен поранешен сопруг Грег Алман го добила синот Елајџа Блу Алман.

View this post on Instagram

A post shared by Cher (@cher)

Пејачката порано говорила за нејзините спонтани абортуси додека се обидувала да има дете со Сони, велејќи дека искуството било кошмар, пренесува Page Six.
– По третиот пат тоа стана ноќен кошмар. Луѓето би ми честитале затоа што сум бремена, а потоа не би била, и би рекле: „Многу ни е жал“. Си помислив: „Боже, не сакам повеќе да го слушам тоа“, рекла таа во една прилика.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …