Рекордна добивка на лотарија – 195. милиони фунти

Неименуван сопственик на тикет од Велика Британија освоил рекорден џекпот од 195. милиони фунти на лотаријата „Еуромилиони“, објавил организаторот на лотаријата „Камелот“.
Тоа е и најголемата добивка на сите времиња на лотарија која се организира низ цела Европа, објавил „Камелот“, а претходниот рекорд изнесувал 184. милиони фунти во мај оваа година, пренесуваат британските медиуми.
Извлекувањето на броевите за „Еуромилиони“ се одвива два пати неделно, во вторник и петок, а лотаријата се организира во 13. европски земји.
Точната освоена сума на вчерашното извлекување била 195.707.000 фунти.

Пред два месеци Џо и Џес Туит од Глостер освоиле 184. милиони фунти, наведува британската агенција.


Фото: Илустрација

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …