(ВИДЕО+ФОТО) Арнолд Шварценегер ја понижил и згрозил актерката: „Тој го направи тоа намерно, право во моето лице“

Британско-австралиската актерка Миријам Марголис тврди дека никогаш нема да го заборави непријатниот инцидент што ѝ го приредил Арнолд Шварценегер во 1990-тите.
Имено, актерката која е најпозната по улогата на професорката Помона Спроут во филмовите за Хари Потер неодамна гостувала во подкастот „I’ve Got News For You“, кога раскажала анегдота од снимањето.

„Шварценегер е премногу полн со себе. Тој всушност беше прилично груб. Ми прдна во лице. И јас прдам, се разбира дека прдам, но не прдам во лицата на луѓето. Тој го направи тоа намерно, токму во моето лице”, рекла таа.


This image has an empty alt attribute; its file name is margolis-761x1024.jpg
Водителот прашал како дошло до инцидентот, а Марголис објаснила: „Ја глумев сестрата на Сатана и неговиот лик ме убиваше, па ме држеше во положба од која не можев да избегам, лежејќи на подот. И додека бевме во таа позиција, тој прдна“, објаснила таа.
„Не беше ни во филмот, беше на една од паузите, но не му простив“, додала актерката.
Марголис глумеше заедно со Шварценегер во хорор филмот „Крај на деновите“ од 1999. година, во кој детектив од Њујорк мора да заштити млада жена која е избрана да го започне Антихристот со сатаната.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Строга диета со која за 13 дена ќе се подготвите за одмор – Може да „истопите“ од 9 до 13 кг!

Данската диета е ригорозна програма која трае 13. дена и доколку сакате да ја спроведете, …