Актерката Ања Тејлор-Џој остана запаметена по одличните улоги во сериите „Queen’s Gambit“ и „Peaky Blinders“, а нејзината специфична убавина и истенчен моден вкус го привлекуваат вниманието на јавноста.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Меѓутоа, во тинејџерските години Ања поминала низ тежок период:
„Имав многу, многу среќа со моите родители, затоа што кога ме малтретираа поради мојот изглед, мајка ми секогаш велеше да гледаш во нечија внатрешност. Гледаш во некој одвнатре, кого не го гледаш на час, не гледаш ништо слично. Не гледате што им е работа, туку само дали ви се допаѓа срцето на личноста. И навистина морам да и оддадам признание на мајка ми за тоа затоа што навистина ми помогна“, рекла Ања во „The Drew Barrymore Show“ кое го води Дру Баримор.
View this post on Instagram
И’ претходно Ања зборувала за својот изглед, велејќи дека „не се смета за убава“:
View this post on Instagram
„Мислам дека не сум доволно убава за да се занимавам со филмови. Звучи патетично и моето момче ме предупредува дека луѓето ќе мислат дека сум апсолутен морон што ги кажувам тие работи, но јас едноставно мислам дека сум чудна“, изјавила таа за The Sun во 2020 година.
Фото: Принтскрин/Instagram