(ВИДЕО+ФОТО) Хорор свадба: Прославата прераснала во хаос, гостите се степале…

Свадбата од соништата на еден пар се претворила во хаос кога гостите почнале да се расправаат, а потоа настанала тепачка пред местото на венчавката.
Полицијата била повикана во центарот Гранд Парадизо во Ферфилд, на западниот дел на Сиднеј, во четвртокот во 23. часот, откако добила извештаи за голема тепачка.
Гостите се забавувале на свадбата и ја прославувале венчавката пред група мажи да излезат на улица.
Се верува дека двајца потоа почнале да се расправаат, а на видеото кое се појавило на социјалните мрежи се гледа како се туркаат.


Додека нивните другари се обидуваат да ја смират тензијата, еден од мажите бил забележан како трча и, наводно, го задава првиот удар – предизвикувајќи сеопшта тепачка во која учествувале повеќе од десет гости.


Снимките од венчавката пред да зовријат тензиите ги покажала младенците и гостите како танцуваат додека бендот свири.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 29.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Можно е денес да комуницирате со некој од минатото кој би можел да …