(ФОТО) Принцот Хари снимил специјал на познат цртан филм

Можеби се откажал од своите кралски должности да започне нов живот во Лос Ангелес, но принцот Хари не ги заборавил своите британски корени.
Војводата од Сасекс ќе претстави специјално издание на цртаниот филм „Томас и пријателите“, кој годинава ја слави својата 75.годишнина.
Во специјалната епизода се прикажани анимации на кралицата и принцот Чарлс како дете.
Програмата ќе се емитува во САД во петок и следниот ден во Велика Британија. Ќе биде достапна во повеќе од 180. земји оваа година, пренесува Си-Ен-Ен.
Гледачите ќе го видат принцот Хари како седи во фотелја покрај огништето читајќи книга со наслов „Томас и моторот на кралот“.
Принцот Хари вели дека „Томас и пријателите“ слават 75. години пријателство и тимска работа.


Томас и пријателите

Во изјавата објавена од Mattel, сопственик на „Thomas the Tank Engine”, принцот рекол дека го обожавал Томас како дете.
„Томас е препознатливо лице во многу семејства во последните 75. години. Тој се забавуваше, предаваше и беше инспирација за децата преку возбудливи приказни и ликови“, речкол Хари.
Тој додал дека е горд што учествувал во специјалната епизода.
Принцот ја презеде улогата во замена за донација за добротворна организација.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес роденден прославува нашиот познат оперски пејач Благој Нацоски

Благој Нацоски е роден на 18 мај 1979 година во Скопје. Тој е познат македонски …