(ФОТО) „ПРЕНЕСЕТЕ ЈА МОЈАТА ПОРАКА ДО ГРАЃАНИТЕ“: Што се крие во тајното писмо на Елизабета Втора што цели 36 години се чува во Австралија?

За време на нејзината државна посета на Австралија, кралицата Елизабета Втора оставила писмо со мистериозна содржина.
Сè што е поврзано со Елизабета Втора е интересно и полно со различни теории, па луѓето ги интересира што појадувала, како и каков однос имала со своите деца, но и како го носела товарот на владеењето и круната дури 70. години, што ја прави најдолгиот владетел во историјата.


Во дамнешната 1986. година, кралицата ја посетила Австралија и по тој повод оставила писмо до граѓаните на Сиднеј, кое ќе го отворат во точно одредена година.

View this post on Instagram

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)



– Поздрав. На еден поволен ден по ваш избор во 2085. година од нашата ера, ве молам да го отворите овој плик и да им ја пренесете на граѓаните на Сиднеј мојата порака – стои во упатството на писмото кое се чува во трезор во Австралија и ќе биде отворено после 63. години од сега.


Британската монархија останува шеф на државата во Австралија, а кралот Чарлс во земјата е претставен од Дејв Харли, генерален гувернер на земјата.
Елизабета Втора ја посетила Австралија дури 16. пати, а нејзината прва посета била во 1954. година, само две години откако станала кралица, а таа била првиот монарх што стапнал на австралиска почва.
Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон – сега принцот и принцезата од Велс – исто така требало да патуваат во Австралија во 2020. година, но тоа било откажано поради пандемијата Ковид-19.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …