(ФОТО) ПРЕД ЕДЕН МЕСЕЦ ГО ПОГРЕБА СИНОТ, А СЕГА Е УАПСЕН: Познатиот актер минува низ ТЕЖОК ПЕРИОД! Еве зошто е приведен

Познатиот актер Мајкл Медсен е уапсен во средата вечерта бидејќи наводно неовластено влегол во нечиј имот, јавуваат медиумите.
За неовластеното влегување полицијата ја известил сопственикот на имотот, а по пристигнувањето полицијата го уапсила Мадсен. Актерот бил виден со лисици на рацете додека излегувал од својата куќа во Малибу, придружуван од полиција.
This image has an empty alt attribute; its file name is majkl-madsen-1.jpg
Мадсен потоа бил пренесен во блиската болница и одведен во полициска станица. Тој добил казна од 500 .долари за прекршокот и бил ослободен во четвртокот наутро, се вели во полицискиот извештај.
Веста за неговото апсење доаѓа само еден месец откако неговиот 26-годишен син Хадсон си го одзел животот од огнено оружје на островот Оаху.
“Шокиран сум бидејќи мојот син, со кој разговарав пред неколку дена, рече дека е среќен. Мојата последна порака од него беше ‘Те сакам, тато'”, навел Медсен во изјава за „Лос Анџелес Тајмс“ минатиот месец.

This image has an empty alt attribute; its file name is majkl-madsen-2.jpg


„Не видов знаци на депресија. Толку е трагично и тажно. Само се обидувам да разберам сè и да сфатам што се случи. Имаше типични животни предизвици што луѓето ги имаат со парите, но сакаше семејство. Тој гледаше кон иднината, па тоа е чудно. Едноставно не можам да сфатам што се случило“, додал тогаш актерот.
Да потсетиме, Мадсен во 2019. година беше осуден на четири дена затвор и пет години условна казна по сообраќајна несреќа во Малибу во пијана состојба, а за возење под дејство на алкохол бил уапсен и во 2012. година, кога беше осуден на 30. дена рехабилитација.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …