(ФОТО) ИСКРЕНО – СЕ МОЛАМ ЗА ЛУЃЕТО, ТУКА СМЕ ДА ИМ ПОМОГНЕМЕ НА БЕГАЛЦИТЕ: Анџелина Џоли проговорила за ситуацијата во Украина, имала само едно да каже!

Холивудската актерка Анџелина Џоли е позната како некој кој долго време се занимава со хуманитарна работа и им помага на луѓето кои живеат во загрозени делови на планетата.
Таа е и голем борец за човекови права, поради што не остана имуна на актуелната ситуација во Украина.
По тој повод таа се огласи на својот Инстаграм профил каде го даде своето мислење и суд за руската инвазија на Украина.
„Како и многумина од вас, и јас се молам за народот на Украина. Мојот фокус, како и фокусот на моите колеги во УНХЦР, е да се направи се’ што е можно за да се обезбеди заштита и основните човекови права на раселените лица и бегалците во регионот“, напишала актерката и додала:

„Веќе видовме извештаи за жртви и луѓе кои почнаа да бегаат од своите домови барајќи безбедност. Прерано е да се знае што ќе се случи, но значењето на овој момент не може да се пренагласи“, рече Анџелина.
Да потсетиме, Анџелина за прв пат беше сведок на хуманитарната криза додека го снимаше филмот „Tomb Raider“ во 2001 година во воена Камбоџа.



Во текот на изминатите неколку години, таа ги посети бегалските кампови ширум светот и донира милиони долари во добротворни цели.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …