(ФОТО) Позната актерка преживеала СИЛУВАЊЕ и се излечила од РАК, а еве како изгледа денес!

Популарната актерка со својот пример покажа дека волјата и истрајноста се најважните работи во животот
Актерката Фран Дрешер, која се прослави со улогата на познатата тв серија „Дадилка“, и по триесет години од емитувањето на култната серија изгледа феноменално.
Преживеала пекол, од силување до свирепа болест, но не дозволила тоа да и се одрази на животот. На доделувањето на SAG наградите Фран на црвениот тепих се појави облечена во долг црн фустан, кој беше покриен со сребрени детали. Косата ја врза во пунџа, а препознатливата насмевка не ја симнака од лицето цела вечер.

Иако денес е насмеана и весела, Френ преживеала вистински пекол пред повеќе од три децении. Нападот на популарната Фран се случил за време на вооружен грабеж на стан во 1985. година, во кој живеела со тогашниот сопруг. Разбојниците потоа ги силувале неа и нејзината пријателка, додека нејзиниот сопруг бил врзан и морал сето тоа да го гледа. Тој напад, како и разводот од нејзиниот сопруг во 1999. година, кој и кажал дека е хомосексуалец, биле само поттик за популарната актерка да добие рак на грлото на матката во 2000. година.



Таа била успешно излечена. Фран денес има 61. година, а во 2014. година се омажила за седум години помладиот Шивау Ајадураи, американски научник и компјутерски експерт.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …