(ФОТО) Поминаа децении, а таа – речиси идентична! Како денес изгледа Хелга од серијата „Ало, Ало“?

Една од најпопуларните серии од 1980-тите, „Ало, ало“ беше популарна кај нас, а актерките и актерите оставија неизбришлива трага кај публиката во Македонија.
Многумина сè уште ја гледаат оваа серија, а освен Рене, Марија, Мими и господинот Флик, еден од најнезаборавните ликови беше секретарката Хелга Герхат.
Актерката Ким Хартман, која маестрално ја играше улогата на Хелга, наполни 71 година и иако повеќе не глуми, со задоволство се сеќава на овој период: „Хелга беше амбициозна и сакаше да биде девојка на Хитлер или дури и шпион во стилот на Мата Хари. Како и сите Германци во шоуто, таа не беше способна за такво нешто. И Хелга и јас сакавме да глумиме секс симболи. Беше забавно и релаксирачко“, изјави еднаш Ким.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Мултимедијална изложба на нашиот млад графичар Стефан Јакимовски

Денес, во ЛУ Градски Музеј Крива Паланка, со почеток во 19:30 часот, ќе биде отворена …