(ФОТО) Почина популарниот актер од тв серијата „Only Fools And Horses“: Внукот ја објавил тажната вест

РОН Пембер, кој го играше Баз во популарната британска серија „Only Fools And Horses“, почина во вторникот на 87-годишна возраст.
Веста за смртта на Рон, кој се појави во неколку британски ситкоми, вклучувајќи ја и „Тајната армија“, ја потврдил неговиот внук Пол Пембер.
– Сегашната тага е поранешната среќа. Таков е договорот – напишал Пол на Твитер.
Рон Пембер настапи во „Silence“ во 1983 година.


-Со тага ја слушнавме веста за смртта на Рон Пембер, кој го играше Баз во серијата. Изразуваме сочувство до неговото семејство и пријателите – се наведува на Твитер профилот на „Only Fools And Horses“.

Сочувство изразиле голем број јавни личности, меѓу кои актерот Дени Џон Џулс и новинарот Ден Кели.
Рон Пембер е роден во Есекс, Англија во 1934 година.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Песна за животот и многу генерации: ДНК, Наум Петрески и Џамбо Агушев (ВИДЕО)

Сигурно многумина од вас овие денови можеа да видат голем број од нашите јавни личности, …