(ВИДЕО) Надежда од Днјепар за руските напади: „Застрашувачки е, не гледам крај на ова!“

Украинската државна служба за итни случаи (СЕС) утринава соопшти дека едно лице загинало во Днјепар при три воздушни напади. Цивилите од овој град за Би-би-си сведочеле за ужасите низ кои минуваат.
Надежда, жена која живее во близина на местото на воздушниот напад во Днјепар, вели дека експлозиите ја потресле нејзината зграда во 05:50 часот по локално време.
Таа и нејзината внука ги собрале работите и истрчале до станицата на метрото.


„Имаше неколку експлозии, слушав една по друга. Слушнав три, а потоа следеа сирените. Останавме долу во метрото додека не престанаа сирените“, рекла таа.
Таа додала дека таму има многу луѓе – мажи, жени, мали кучиња, стари и млади и дека првпат таму побарале засолниште.
„Навистина е страшно, навистина беше страшно кога се случи ова. Не знам кога сето ова ќе заврши, едноставно веќе не го гледам крајот. Мислам дека ова е сериозно и долго“, рекла таа.
https://www.bbc.com/news/live/world-europe-60685883

Таа исто така рекла дека само сака светот да им помогне да се справат со она што им се случува.
Украинската служба за вонредни ситуации (СЕС) посочила дека освен станбената зграда и градинката, погодена е и фабриката за чевли.
„Околу 6.10 часот утрото имало три воздушни напади врз градот, погодени се градинката и станбената зграда“, соопштила Украинската служба за вонредни ситуации (СЕС). Била погодена и двокатна фабрика за чевли која се запалила.
Снимките направени по експлозиите покажуваат дека градот е целосно уништен. На снимката се гледа како членови на противпожарната служба го гаснат пожарот на зградата.
Потсетуваме, освен реките Днјепар, под воздушно бомбардирање бил и градот Луцк, кој се наоѓа во северозападниот регион на Украина.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

ОГРОМЕН ИНТЕРЕС ЗА ТЕМАТСКИ СТРИП КОНКУРС

  Стрип центарот на Македонија од Велес е во имплементација на Грантот “All we are …