(ФОТО) Ова се Македонките кои беа на насловната страна на „Плејбој“

Така, пејачката им го отвори патот и ги поттикна и останатие Македонки, па по неа храброст собраа и ги покажаа сите свои адути помалку или повеќе познати наши девојки.

ТВ водителката Миа Костова, беше таа која прва пак се соблече топлес… Во друштво на нејзината драга пријателка Маја.


Со тоа таа ем ги разби табуата, ем ги навлече сомнежите и им ги разврза јазиците на сите градски озборувач(к)и и ги стави на мисли: Ими ли некоја тајна врска меѓу нив двете или само уредништвото на магазинот, тоа така го замисли?

И ако Каролина го скрши мразот, Миа го растури на парчиња, топ моделот Александра Накова го стопи, па од мразот остана само „гола вода“!


А, на страниците на „најпосакуваниот машки магазин“ гола беше и таа… И тоа, „пиштол гола“ во улогата на „разголениот ангел“ или „раскомотената бабамразица“, на страниците на македонскиот Плејбој.

По неа следуваа помалку познатите девојки, како бујната летна убавица Елизабета Симоновска, која природните езерски убавини на Македонија, ги спои со сопствените телесни атрибути…
…Па преку страниците на жешкиот магазин и ги прикажа на јавноста во вид на натурална, раскошна, убавина.
оние помалку познати, но не и помалку секси скопјанки кои ја красеа насловната страница на Плејбој.


Спој на раскош, гламур и убавина, зачинети со сензуалност, сексапил и елеганција… како опиум за сите сетила!

Последната Македонка која се појави во Плејбој беше долгоногата „фамфатал под маска“ – Марија Кочевска.Мистична, заводлива, прдизвикувачки пожелна… и толку! Потоа маските паднаа… засекогаш!

Македонското издание на „Плејбој“ како што преку ноќ се појави, така преку ноќ и го снема. Замина во историјата, оствајќи ги тие неколку броеви како „голо сведоштво“ на едно време, во кое гоемиот медиумски магнат Хју Хефнер имаше свои „зајачаци“ и овде, кај нас, во Македонија!

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Екран ви ги претставува хедлајнерите на Pinkpop 2024

Екран во неколку објави ќе се обиде да ви ги презентира најголемите музички имиња кои …