Моден викенд Скопје по шеснаестти пат ја најавува претстојната сезона


Моден викенд Скопје по шеснаестти пат ја најавува престојната сезона и го доближува Скопје до модните трендови и тенденции. Колекциите на дизајнерите на есенското издание ќе се прикажат во „Хотел Мериот Скопје“ од 22 до 24 октомври, а затворањето на сезоната ќе се случи во „Иновативниот центар на Македонски Телеком“ на 25 октомври.

Како секоја сезона така и оваа Моден Викенд Скопје ја испраќа својата порака кон јавноста со кампања која овој пат е #Stopthetraffik и #GlobalBlanket покрената од британската огранизација „STOP THE TRAFFIK“. На Моден викенд Скопје во активностите ќе им се придружи и Националната Kомисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција.


„Оваа порака директно се рефлектира на сите нас како потрошувачи на облека кои треба да ја подигтнеме свеста облеката која ја носиме да не е сработена од луѓе кои се експлатирани и злоупотребени во синџирот на трговија со луѓе. Или како што би рекла британската модна дизајнерка Вивиен Вествуд Купувајте помалку, но одберете внимателно.“, велат организаторите на Моден викенд Скопје.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е БАЛАКЛИЈА, празник на мајката БОЖЈА, првиот петок после ВЕЛИГДЕН – направете го ова за бидете здрави и среќни

Источен петок, се вика уште и Извор на лекувањето, бидејќи тој ден верниците одат на …