Веста за смртта на познатата босанска пејачка Азра Колаковиќ попозната како Дона Арес го потресе целиот Балкан.
Пејачката вчера беше погребана во Бихаќ, а неа кон вечното почивалиште ја испратиле членовите на семејството, пријателите и бројните колеги од естрадата кои пееле нејзини песни.
Инаку пред погребот на пејачката се одржала и комеморација во нејзина чест на која се обратиле голем број нејзини блиски пријатели и колеги.
Пејачката почина во понеделникот на 41. годишна возраст по долгата и тешка битка со ракот, а нејзината последна желба била да биде погребана во родниот град од каде и’ потекнува Бихаќ.

(ФОТО) Збогум добра вило: „Река од народ“ погребувајќи ја Дона Арес пееле нејзини песни
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.