Популарниот Жељко Јоксимовиќ и неговата сопруга Јовна станале родители на близначки, Ана и Срна, а новопечениот татко организирал прослава по повод нивното раѓање.
Имено, Жељко во еден ресторан во Белград организирал прослава на која ги угостил своето семејство, соработниците, пријателите…
Славјето во семејството на Јоксимовиќ траело веќе два дена, а брат му му искинал две маички.
Голема помош околу организацијата Жељко имал од својата прва ќерка, Мина, но и од своите родители. Мина дошла меѓу првите и го прегрнала својот татко.
„Ви благодарам што сте тука, ние сме пресреќни. Сето ова јас го организирав со тато, се надеваме на убава забава.Ги видов бебињата, прекрасни се. Срна личи на мене, тоа морам да го кажам“ рекал Мина.
На прославата присуствувале и семејствата на Јована и на Жељко, Кнез, Александра Ковач, Рака Мариќ, Ана Бекута…
Јоксимовиќ и’ првиот ден бил во болница кај сопругата за да и обезбеди се’ што и е потребно.
„Бебињата се одлично, а јас сум уморен бидејќи не сум спиел цел ноќ. Синот Коста исто така не спиеше од возбуда. Имињата ги избравме јас и сопругата и долго ги биравме. Девојчињата инаку личат на Јована, што мене ми е посебно мило“ рекол Жељко.
Да потсетиме Јована се породила во ноќта помеѓу недела и понеделник, во приватна болница во Белград. Таа и понатаму се наоѓала на интензивна нега, каде била сместена после царскиот рез.Но,се чувствувала одлично и се’ поднесувала како што треба.
Жељко Јоксимовиќ станал татко по четврти пат. Од првиот брак ја има ќерката Мина, додека го Јована го има синот Коста (3), а сега и близначките Ана и Срна.