(ФОТО) „Отсекогаш сум била жена со облини“ – Моника Белучи хипнотизира со појавата


Моника Белучи направи гламурозен спектакл појавувајќи се на премиерата на Siccita за време на 79. Меѓународен филмски фестивал во Венеција.
Италијанската актерка и модел (57) за оваа пригода се одлучи за шик црн фустан, додека самоуверено позираше на црвениот тепих. Креацијата ја збогатила со интересна огрлица, како и блескава чанта.


Нејзиниот изглед привлекува внимание и во шестата деценија, а Моника неодамна проговори за стареењето, велејќи дека сака да „старее мирно“ и дека не е опседната со одржување на фигурата: „Не сум опседната. Отсекогаш сум била жена со облини, никогаш слаба, таква е мојата природа. И сакам да остарам на мирен начин“, изјави таа за The Sunday Times.

View this post on Instagram

A post shared by WHOOPSEE (@whoopsee.it)



Таа исто така додала дека кога имаш „50 или 60 години, ги немаш истите потреби како кога имаш 20 години“.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ПРИНЦОТ ВИЛИЈАМ ЗБОРУВАЛ ОТВОРЕНО ЗА БОЛЕСТА НА КЕЈТ МИДЛТОН: Најтешките прашања ги поставиле децата – „Секое семејство има свои тешкотии“

Принцот Вилијам зборувал за предизвиците при одговарањето на тешките прашања од неговите три деца, принцот …