(ВИДЕО) Најубаво за денес: Момчето во толпата го загубило татко си, цел плоштад со бендот пеел „Едуардо, дојди земи го син ти!“

Видео создадено пред неколку дена на прославата на Денот на детето во Аргентина стана хит на социјалните мрежи.
Меѓу другите, таткото Едуардо и неговиот син Хуан Круз славеле на улиците таму. Но, за време на прошетката низ улиците на Буенос Аирес, таткото и синот се разделиле.
Подоцна, насобраната толпа во еден момент сфатила дека Хуан Круз е сам и го бара својот татко, па му помогнале во потрагата. Еден господин го ставил момчето на рамениците и тргнал со него. Со толпата почнал да му се јавува на таткото на момчето, а потоа им се придружил и бендот кој свирел на плоштадот.
„Едуардо, дојди и земи го Хуан Круз“, пееле членовите на бендот додека момчето плачеше.
Потоа почнала да пее и публиката со цел таткото на момчето да ги слушне. Едуардо, откако ја слушнал песната и извиците, сфатил каде треба да оди. По пристигнувањето момчето му скокнало во прегратка и не ја симнало насмевката од лицето.
Видеото од малото момче и неговиот татко набрзо се прошири на социјалните мрежи.
„Го сакам ова“, „Пролеав солза“, „Ова ми ја врати вербата во луѓето“, „Прекрасно“, „Ова е многу убаво“, се само дел од коментарите на Твитер.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …