(ВИДЕО) Лекар херој му спасил живот на маж, снимката го воодушеви светот!

Видеото од лекар кој оживува пациент кој доживеал срцев удар и штотуку бил паднат на стол стана вирално низ целата мрежа.
Освен што е спасен животот на мажот, добрата вест е што видеото ги охрабрило мнозинството луѓе да сакаат да научат техники за реанимација бидејќи такви случаи може да му се случат секому во секое време.
Единствениот начин да му помогнете на лицето кое доживеало ненадеен срцев удар и да му го спасите животот е да ја примените техниката на реанимација или кардиопулмонална реанимација.
Инцидентот за кој се зборува и чие видео кружи неодамна се случило во клиника во Колхапур, Махараштра. Видеото покажува како докторот му го спасил животот на маж кој седел во неговата ординација.
Тој одеднаш почна да ги трие рацете и колената и да удира по масата пред да се онесвести на столот.
До него веднаш притрчал доктор Арџун Аднаик, познат кардиолог и почнал да го „удира“ во градите најмалку 10-12 секунди.


Пациентот се опоравил за неколку минути, па дури и почнал да зборува.
Лекарите посочуваат дека во ситуации на ненадеен срцев удар или инфаркт, клучно е да се примени реанимација за да се спречи дополнително оштетување на органите и опасните состојби како кома, па дури и смрт.
CPR обично се започнува кога лицето престанува да дише, а започнува со дишење уста до уста и масажа на градниот кош за пумпање крв во мозокот. Работи на принципот на 25. притисоци на градите, потоа два вдишувања низ устата.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 02.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Добар прилив на енергија, позитивно расположение и сите шанси типичниот Овен има да …