(ФОТО) Кралицата Елизабета Втора секогаш носела ЈАКИ БОИ, а ова е ВИСТИНСКАТА ПРИЧИНА: Ваквата облека имала ЈАСНА ПОРАКА!

Британската кралица Елизабета Втора почина вчера на 97-годишна возраст, а нејзината смрт предизвика голема тага ширум светот.
Кралицата Елизабета беше монархот со најдолго владеење на Велика Британија, а една од нејзините многубројни необични навики покажува колку нејзиниот народ бил важен за неа.
Имено, секоја комбинација што ја носеше кралицата Елизабета беше во класичен стил и во јаки бои, а причината за тоа е многу добра. Имено, кога го прославила својот 90-ти роденден во 2016. година, облекла комплет во неонско зелена боја, а многу брзо следела лавина од коментари.


Тогаш било откриено дека поентата на впечатливите бои е да се направи кралицата да се истакне и да биде препознатлива во толпата, на тој начин секој од нејзините поданици ќе може да ја види без разлика колку е далеку од неа.
„Таа сака да се истакнува и да биде забележлива, за луѓето да можат да кажат: ‘Ја видов кралицата’“, рекла еднаш Софија, грофицата од Весекс.

View this post on Instagram

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily)



При преземањето на власта Елизабета, која тогаш била многу млада, се заколнала дека ќе му служи на народот, а упатените велат дека таа улога ја сфатила многу сериозно и дека се придржувала до ден денес.
Носејќи лесно забележливо комплети, кралицата симболично му кажувала на секој субјект во својата земја дека е таму за него и дека тој може да ја види.


„Мора да ме видат за да ми веруваат“, рекла Елизабета Втора како девојче.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денеска се празнува Светиот апостол Акила

Светиот апостол Акила Еден од Седумдесеттемина апостоли. Како Евреин живееше најнапред во Италија со жена …