(ФОТО) Објавено што и направила Иванка на Меланија пред инуагурацијата!

Иако Меланија Трамп се плашела дека парадата низ Авенијата Пенсилванија во Вашингтон не е сигурна,на Иванка Трамп не и било многу важно нејзиното мислење. Како што открива новата книга, ќерката на американскиот претседател сакала на момент да биде принцеза.
Иванка на организаторите на парадата јсно им нагласила дека таа ќе се одржи, и покрај тоа што Меланија предупредувала на опасностите. Како што тврди Џејн Фокс, авторка на книгата „Born Trump“, ќерката на Доналд Трамп верува дека тие се еквивалент на британското кралско семејство и дека влегувањето на нејзиниот татко во Белата куќа е нивно крунисување. Барала за неа во викендот, во пресрет на инаугурацијата да се подготви Линколновата соба во Белата куќа.
Фокс, која пишува и за „Ванити Фер“ додава дека книгата на Иванка „Жените кои работат“ во почетокот била толку ладна што издавачите и советувале „да ја среди“ за да изгледа „како да ја пишувала личност која има пулс“.
Во книгата е вклучен и еден стар цитат на Трамп.
„Сакам пет деца, бидејќи со пет можете да бидете сигурни дека барем едно ќе излезе како вас“, рекол Трамп.
Фокс тврди дека на крајот неговите атрибути се распределени на сите пет деца. Доналд помладиот станал „пит бул“ како татко му, што е напредок во однос на деновите кога го викале „Дон Пелена“ бидејќи кога ќе се опиел останувал без панталони. Иванка е зависна од медиското внимание, како татко и, а Ерик ја наследил љубовта кон недвижнините, како татко му.Не е наведено какви особини наследиле Тифани и Барон.

„Трампови се виделе како модерна верзија на Кенедиеви, но инаугурацијата повеќе потсетувала на друго американско семејство, Кардашијан“, наведува Фокс.
Иванка посебно сакала да ја заземе главната позиција на бината. Кога Меланија на сите деца на Доналд им ја отворила вратата на Белата куќа, Иванка изразила желба да спие во собата на Абрахам Линколн. Таа желба и била исполнета.
Кога Меланија ја одбила идејата за парада после заклетвата, се вмешала Иванка:„Ќе има парада“, им рекла на организаторите. За тој ден ангжирала стилист и на пријателки им рекла дека сака да биде принцеза.
„И реков дека тоа е инаугурација а не крунисување“ открила една од пријателките.
Ниту едно од нејзините деца не верувало дека Доналд ќе стане кандидат на Републиканската партија, а камоли дека ќе стане претседател.
Една недела пред изборите Иванка одлучила да извлече максимум од ситуацијата па на издавачите им ја понудила својата книга. Издавачите и советувале на книгата да и додаде емоции и да открие детали до својот однос со родителите.
Во Белата куќа ја нарекуват принцеза бидејќи никој не знае што е всушност нејзината работа.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на краткометражниот филм „Прошетка“

ТРИ ТОЧКИ Продукција со задоволство ве поканува на премиерата на краткометражниот филм „Прошетка“ во режија …