Ова е 3Д визуелизација на пожарите во Австралија. Сликата е заснована врз податоците на НАСА и е создадена од Ебтони Херши.
Ги прикажува сите пожари забележани помеѓу 5. декември и 5. јануари. Не е во реално време, но не е ниту сателитска фотографија.
Некои пожари сега се изгаснати, така што скалата е непрецизна заради малечката дефиниција. Како резултат, областите во потполност на портокалова боја не се целосно изгорени, тоа значи само во овие региони има голема густина на пожари.
„Ова е 3Д визуелизација на пожарите во Австралија. НЕ Е ФОТОГРАФИЈА. Замислете на ова како на поубав графикон. Ова беше засновано на податоците на НАСА од FIRMS (Сателитски податоци во врска со пожарите) помеѓу 12.12.2019. – 05.01.2020. година. Сите овие области се погодени од силни пожари. Скалата е малку претерана заради сјајот на рендерот, но генерално е точна за информации од веб-страницата на НАСА. Исто така, имајте на ум дека ова не се сите области каде што тие сè уште горат, ова е компилација“, вели Ентони Херши.