После девет години брак и 13. години врска, прославениот тенисер Борис Бекер (51) и неговата сопруга Лили во мај минатата година најавиле дека се разведуваат.
Славниот тенисер, кој кусо бил и тренер на Новак Ѓоковиќ, се чини дека не може да чека бракот и официјално да се заврши.
Како што пренесуваат британските медиуми, неговото срце го освоила 20. години помладата манекенка, Лајла Пауел.
Наводно, романсата започнала на социјалните мрежи, каде било забележано дека бившиот тениски ас не пропушта да ги „лајкува“ секси фотографиите на темномурната убавица, а вчера папараците ги снимиле како во два наутро заедно напуштаат еден лондонски клуб.