(ФОТО) Ангелина Џоли заборавила на Бред Пит и ќе се мажи за британски милијардер!?

Ангелина Џоли потполно заборавила на Бред Пит и е подготвена за нов брак. Нејзиниот нов избраник е извесен британски милијардер.
Како што пишува таблоидот „Life&Style“, глумицата веќе некое време е во врска со британски бизнисмен со кого планира венчавка во Франција. Изворот тврди дека Ангелина не сакала толку бргу повторно да се мажи, но потполно се вљубила во извесниот бизнисмен.
„Ангелина ќе ја шокира јавноста кога на сите ќе им соопшти дека повторно се мажи. Таа е убедена дека ова е човекот на нејзиниот живот. Тоа што е милијардер неа не и значи ништо: тој е образован, студирал на Оксфорд и филантроп“, открил изворот и нагласува дека со него има многу повеќе заеднички работи отколку што ги имала со Бред.


Судбоносното “ДА“ парот наводно ќе го изговори во нејзиниот дом, дворецот „Миравал“, во Франција, каде во тајност се омажила и за Бред Пит во 2014. година, од кого сеуште официјално не е разведена.
И покрај тоа, таблоидот тврди дека „среќниот пар“ времето ќе го минува на скриениот имот во Франција, каде имаат приватност, а дека повремено ќе одат во Лондон, каде идниот сопруг на глумицата има куќа.


„Викендите ќе ги минува со него, а својот бизнис може да го води од било кој дел на светот“, додал изворот.
Од друга страна, сајтот Gossip Cop тврди дека во оваа приказна нема ниту малку вистина и дека глумицата не планира брак во поскоро време.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …