(ФОТО) На водителката автобус и ја откина раката, а по 22 операции и се случи чудо

Српската водителка Деа Ѓурѓевиќ пред четири години доживеа тешка сообраќајна несреќа кога автобус и ја откина раката. Имено, водителката имала мала сообраќајка со друг автомобил, но во моментот кога излегувала од својот автомобил за да разговара со другиот возач, на неа налетал автобус и и’ ја откинал раката.
Лекарите со сите сили се труделе да и ја спасат раката на Деиа, па по 22 операции и тешкиот пат до закрепнување се случило вистинско чудо.

– Драги мои луѓе, ви благодарам на сите за вашата огромна поддршка. Вчера проф. Д-р Марко Бумбаширевиќ ја оперира раката и конечно ја отстранивме ортозата. Ова беше многу тешка операција што само тој може да ја направи во Европа. Ми требаше долго време психички да се подготвам за новата интервенција и сега се чувствувам фантастично. Бескрајно сум благодарна на д-р Бумбаширевиќ што можам да ја користам раката и што ќе ја користам во полн капацитет. Го направи невозможното. Магија. Би сакала да се заблагодарам и на фантастичниот персонал, почнувајќи од лекарите, анестезиолозите и медицинските сестри. Ви благодариме за прекрасната грижа и сите насмевки. Го преживеавме и ова. Сега уште посилно. Кога е најтешко, тогаш најмногу се смееме и најтешко се бориме“, напишала Деа.


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 2 години без нашиот истакнат актер Димче Мешковски

Димче Мешковски е роден е на 31 октомври 1945 година во Скопје. Тој е македонски …