(ФОТО) Како Шакира ќе се справи со ова: Пике и Клара го чекаат своето прво дете, еден детаљ ги издал

Страстите во врската на Жерар Пике, Шакира и Клара не стивнуваат. Откако се дозна која е вистинската причина за разделбата на фудбалерот и пејачката по десет години и две деца, сиот валкан веш го виде светлото на денот.
Шакира најави вистинска војна кога се појави нејзината нова песна во која отворено ги прозива бившиот и неговата нова девојка, а дали покрај лутина и предавство е и добар маркетинг, се уште не е јасно.

View this post on Instagram

A post shared by Shakira (@shakira)


Пејачката не се нафрли само на фудбалерот, вмешани се и неговите родители, па се заедно потсетува на вистинско реално шоу. Сепак, се чини дека ништо не може да го наруши односот на Пике со Клара Чиа, која ги издржа сите притисоци и навреди.
Последната вест која доаѓа од овој пар е наводната бременост. Се појавија информации дека Клара и Пике го чекаат своето прво дете, а сето тоа наводно е поткрепено со фактот дека тие биле видени како купуваат тест за бременост.



Се уште нема официјални информации, а странските медиуми како извор ја користат жената која им го продала тестот во аптека.

Фото: Принтскрин/INSTAGRAM: @shakira @3gerardpique

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …