(ВИДЕО+ФОТО) „OLD SPICE” – Се сеќавате ли на оваа реклама? Изнервира многумина, а еве како изгледа актерот денес

Рекламата за гел за туширање „Old Spice“ од 2010 година многумина ја паметат како една од побизарните реклами на пазарот, а еве како денес изгледа актерот чија улога изнервира многумина.
„Еј девојки. Погледнете ме, погледнете го вашиот маж и погледнете ме. За жал, тој не е како мене. Кога би престанал да ги користи производите наменети за девојки и би преминал на Old Spice, би можел да мириса како мене“, неведува глумецот во рекламата каде билетите за концерт ги претвора во дијаманти.

Токму овие реченици го прославија американскиот актер Исаја Мустафа, кој имаше 35 години кога ја доби главната улога во кампањата „The Man Your Man Could Smell Like“ во 2010 година за популарниот гел за туширање „Old Spice“.



Актерот потоа започна посериозна актерска кариера, каде главно глумеше во хорор филмови како: „It“, „The Summers of IT: Chapter One“, „The Summers of IT: Chapter Two“ и „Crush“. Освен актер, Мустафа се занимава и со фотографија.


Инаку, по оваа реклама, компанијата P&G која го претставува брендот „Old Spice“ сними уште неколку реклами кои привлекоа големо внимание, а популарниот актер Тери Крус се појави во едно од продолженијата на „Old Spice“ брендот.

Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот познат актер Данчо Чевревски

Данчо Чевревски е роден во Скопје на 17 мај 1951 година. Тој беше познат македонски …