Пиперките обично се јадат полнети со месо и ориз или компири, но овој зеленчук е вкусен и ако се полнат со некој друг фил.
Пиперките полнети со макарони се брзо и вкусно јадење кое дефинитивно вреди да се проба.
Потребно е:
– макарони
– пиперки
– сирење
– сол
– сечкан магдонос
– масло
Подготовка: прво сварете и исцедете ги макароните. Потоа додадете сирење (количина по желба), ситно сечкан свеж магдонос. Соединете го филот и посолете по вкус.
Наполнете ги пиперките со тој фил. Одозгора прелијте со малку масло. Покријте со фолија и печете околу 20 минути, а потоа извадете ја фолијата и печете уште 10 минути.
Едноставното и вкусно јадење е подготвено за послужување.