(ФОТО) На Тони Цетински, за „прегазување“ на пешакот Кевлјанин, му се заканува казна затвор од осум години!?

Во обвинението на Државното обвинителство се наведува дека познатиот хрватски пејач Тони Цетински кој на 3. ноември го прегазил 67. годишниот Ибрахим Кевлјанин кој пијан лежел на „Пуста“ улица, бил преудобно „навален“ во седиштето во својот „Мерцедес“, дознава Јутарњи лист.


Тоа се наведува како причина зошто не можел да го види Кевљанин кој среде бел ден лежел на улицата во алкохолизирана состојба.
Во обвинението се наведува дека Цетински во моментот на несреќата се движел со брзина од 33. километри на час во улица во која брзината е ограничена на 50. километри на час. Според наодот на вештакот за да воопшто можел да застане требало да вози 18. километри на час.
Наодите покажале дека во моментот на несреќата Цетински немал алкохол во крвта а дека починатиот маж имал 3,7 промили алкохол и некои лекови.


Обвинителството се повикувало на прописите на казнениот затвор. Имено, ако со казнено дело е предизвикана смрт на едно или повеќе лица казната затвор е од една до осум години.
„Откако го примивме обвинението сега имаме рок од осум дена на него да одговориме“, изјавил адвокатот на пејачот, Горан Марјановиќ, за Јутарњи лист.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршен концерт на одделот за жичани инструменти на учениците при ДМБУЦ “Илија Николовски-Луј”

Денес со почеток во 19:00 часот во концертната сала на ДМБУЦ ќе може да го …