(ФОТО) НА СВЕТОТ НЕ МОЖЕ ДА МУ СЕ ПОГОДИ – ПРОГОВОРИЛА МЕГАН МАРКЛ: Поради тоа што сега го кажа, БРУТАЛНО е критикувана! Сите мислат дека го има ОВОЈ скриен мотив!

Сопругата на принцот Хари и војвотката од Сасекс, Меган Маркл, за магазинот „Вог“ ја коментирала одлуката на Врховниот суд на САД да ја поништи пресудата од 1973. година, со која се легализирал абортусот во целата земја и што овозможил абортус во сојузните држави.
Таа истакнала дека е подготвена да им се придружи на демонстрантите во Вашингтон и ги повикала граѓаните да излезат на гласање во што поголем број, а открила и дека на нејзиниот сопруг Хари му се смачило поради пресудата.

„Мојот сопруг и јас разговаравме многу за тоа овие денови. Тој е исто така феминист“, нагласила таа и додала: „Треба нашите стравови да ги претвориме во акција“.
Во интервјуто таа се осврнала и на своето искуство со абортусот што го претрпела во 2020. година, пред раѓањето на нејзината ќерка Лилибет.



„Знам какво е чувството да се абортира, и претходно сум зборувала за тоа во јавноста. Треба да го нормализираме разговорот за работите кои влијаат на нашите животи и тела за што е можно повеќе луѓе да разберат колку е важно да имаме потребната заштита“, рекла Меган со напомена дека е бесна поради одлуката на Врховниот суд.



Додека дел од јавноста ја поддржал, поради нејзините коментари била и критикувана, а повторно почнале да кружат гласини за нејзината можна кандидатура за претседател на САД.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …