(ФОТО) Пријателите на Пике имале прекар за Шакира бидејќи била непријатна: „Не сакаше да му дава пари“

По веста дека Шакира и Пике раскинале, во јавноста почнаа да излегуваат се’ повеќе детали од нивниот приватен живот.
Како што открија шпанските медиуми, пријателите на Пике смислиле необичен прекар за неговата сопруга.
„Целата придружба на Пике ја нарекуваше Шакира „La Patrona“ (газдарица), бидејќи таа наводно немала многу добар однос кон нив“, рекле.
„Таа никогаш не се дружеше премногу со неговите пријатели и со сопругите на другите играчи на Барселона. Тоа им создаде проблем како двојка од самиот почеток“, додала таа.

View this post on Instagram

A post shared by shakira (@shakira_1988)



Пријателите на Пике откриле и дека на Шакира баш и не и се допаѓа да биде во Барселона бидејќи немала многу пријатели таму.
Мајката на Пике ѝ била најдобрата пријателка таму, а ниту со неа сега не била во добри односи“.

View this post on Instagram

A post shared by shakira (@shakira_1988)



Имале финансиски проблеми?
Исто така, поранешното момче на сестрата на Шакира, Роберто Гарсија, за шпанските медиуми изјавил дека главниот проблем на парот биле парите.
Пике побарал од Шакира поголема сума пари за да инвестира во нов бизнис, а Шакира го одбила по консултација со нејзините родители.

View this post on Instagram

A post shared by shakira (@shakira_1988)



„Според она што го знам, меѓу нив двајца имаше економски проблем. Наводно, Пике барал пари од Шакира, што нејзиното семејство решило да го одбие. Тие не ги мешале своите пари”, рекол Гарсија и додал:
„Шакира инвестираше и во други бизниси. Имаше идеја да направи нешто на Бахамите. Тука се појавија проблемите”, заклучил тој.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Сашко Пандев !!!

Сашко Пандев е роден на 1 мај 1987 година во Струмица. Тој е поранешен македонски …