(ФОТО) Минал 17. години во затвор поради разбојништво на својот двојник

Сведоците го опишале како Афроамериканец или Латиноамериканец со светол тен. Иако имал алиби за време на злосторството Џоунс бил уапсен и осуден на 19 години затвор
Секој има свој двојник некаде низ светот, но Американецот Ричард Џоунс платил висока цена за тоа. Иако било докажано неговото алиби, тој сепак бил осуден и невин бил во затвор цели 17 години поради сведоштво на сведок кој го „видел“ на местото на настанот, пишува Daily Mail.
Сведоците го опишале како Афроамериканец или Латиноамериканец со светол тен. Иако имал алиби за време на злосторството Џоунс бил уапсен и осуден на 19 години затвор.
Неколку пати се жалел, но судот ги одбил неговите жалби.


Невиноста успеал да ја докаже преку проектот Innocence, организација која веќе 26 години се бори за правдата на погрешно осудени лица. Тие го пронашле двојникот на Џоунс, Рик Ејмос кој живеел во близина на ограбената продавница.
Затворските цимери на Џоунс го познавале Рик и цело време му говореле дека неверојатно си личат. Кога сведокот на фотографија ги видел еден покрај друг веќе не бил сигурен дека Џоунс е сторителот со што тој бил ослободен.
Џоунс е пуштен на слобода но Ејмос нема да одговара бидејќи делото е застарено.


Сега Џоунс бара оштета од милион долари за да започне живот одново. Тој е татко на две ќерки, 19 години и 24 години, кои израснале без него.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …