Македонскиот музички уметник е секаде со задоволство виден, често е на фестивали, а неговите гостувања секогаш се користат за интервјуа…
Последното такво е дадено за српски „Спутник“ во кое меѓу другото бил допрена и македонската музика…по референдумот.
„Македонско девојче“ ќе си остане такво и нема да стане „северномакедонско девојче“ и по евентуалната промена на името на државата во Северна Маедонија, изјави Влатко Стефановски во интервју за српски „Спутник“.
„Тоа не знам, право да ви кажам. Процесот уште не е завршен, ќе видиме како тоа ќе заврши. Нема да има ‘северно девојче’ сигурно. Песната ќе остане песна и така што не знам што да ви кажам на таа тема. Прилично сме блокирани од сите страни. Се надеваме дека, сепак, ќе ги пробиеме сите тие блокади и ќе тргнеме кон некој подобар живот“, изјавил Стефановски.
https://youtu.be/9upUcX_C5Zg
ekran платформа за слободоумни