Меган Фокс предизвика бројни негативни коментари под последните фотографии кои ги објави на својот Инстаграм профил, а на еден коментар решила да одговори.
Имено, под серијата фотографии на кои таа позира во црн топ и со капа на главата, имало коментари за нејзиниот изглед. „Пластиката е штетна за околината“, „Сега изгледате како Кардашијанките и тоа е толку разочарувачки“, „Ве молам намалете ги пластичните операции. Некогаш беше толку убава“, напишале нејзините следбеници, но Меган не реагираше на овие коментари.
View this post on Instagram
Меѓутоа, кога една следбеничка ја прашала каде и се децата, актерката и одговорила.
„Чекај, чекај… Имам деца? О, Боже, знаев дека заборавив нешто. Ве молам, брзо јавете се во хотелот Беверли Хилс, таму последен пат ги видов. Можеби некој ги предал во ‘изгубени и најдени'”, одговорила Фокс.
За потсетување, Меган има три деца кои ги доби во бракот со поранешниот сопруг Брајан Остин Грин. Двојката се разведе во мај 2020. година, а Брајан од медиумите дозна дека Меган сака развод. Набрзо открила дека се заљубила во раперот Машин Ган Кели со кого моментално е свршена.
View this post on Instagram
Фото: Instagram