(ФОТО) Трогателна приказна на Ештон Кучер: На 13 години сакал да се самоубие за да го спаси животот на својот брат близнак

Животната приказна на холивудскиот актер Ештон Качер и неговиот брат е толку неверојатна и инспиративна што би можел да се сними одличен филм за неа.
Американскиот актер Ештон Качер (44) има брат близнак Мајкл, кој е само пет минути помлад од него. Иако се близнаци, тие се сосема различни. Мајкл Качер бил големо изненадување за семејството, бидејќи родителите дури доцна во бременоста дознале дека ќе добијат две бебиња. Помладиот брат бил толку мал што лекарите не верувале дека ќе преживее.
По раѓањето на бебињата, родителите забележале дека Мајкл не се развива со иста брзина како Ештон, а недолго потоа било откриено дека боледува од церебрална парализа. Неколку години подоцна, Мајкл морал да направи трансплантација на срце бидејќи имал и болно срце. Тоа бил тежок период за целото семејство Качер.

Ештон отсекогаш бил заштитнички настроен кон својот брат, толку многу што кога на Мајкл му била потребна трансплантација на срце на само 13. години, Ештон сакал да биде донатор бидејќи не можеле да најдат соодветен во рок од 48. часа. Сепак, на крајот бил пронајден донатор, навреме бил трансплантиран виталниот орган, а браќата близнаци оттогаш станале неверојатно блиски.


This image has an empty alt attribute; its file name is eston-kacer-so-bratot-1.jpg

Ештон многу пати зборувал за тоа колку му било тешко ова, како и за тоа дека бил подготвен да стави крај на животот за да го спаси својот брат. По средното училиште се запишал на студии за биохемиски инженер за да измисли лек кој ќе му помогне на неговиот брат и на сите луѓе кои се борат со истиот проблем.


Сепак, судбината го одведе на друг пат. По препорака на пријател се пријавил на конкурс и победил на локалниот натпревар за моделирање „Fresh Face“ кој го однел во Њујорк. Потоа заминал во Лос Анџелес каде ја започнал својата актерска кариера и стана една од најголемите холивудски ѕвезди.

This image has an empty alt attribute; its file name is eston-kacer-borba.jpg


Ештон никогаш не најде лек за состојбата на својот брат, но болеста на Мајкл не го спречува да води нормален живот. Денес е успешен мотивациски говорник, кој со своите говори и лично искуство ги мотивира луѓето да не се откажуваат. Оженет е и има син, повремено прави разни операции на срцето.
Колку браќата се блиски и денес покажува изјавата на Мајкл дека секогаш кога разговараат на телефон, разговорот го завршуваат со зборовите: „Те сакам“.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ТЕЈЛОР СВИФТ Е ПРОГЛАСЕНА ЗА НАЈБОГАТА МУЗИЧАРКА НА СВЕТОТ: Ја престигна Ријана и стана милијардерка по минатогодишната турнеја

Тејлор Свифт, според „Форбс“, се разликува од другите милијардери затоа што своето богатство не го …