(ФОТО) ЦЕРЕМОНИЈА ВО ИТАЛИЈА – Најсексапилната жена на светот покажа како изгледала нејзината свадба од половина милион долари

Британската манекенка и водителка Кели Брук на крајот на јули се омажи за својот вереник Џереми Париси, а сега сподели фотографии од специјалниот ден.

View this post on Instagram

A post shared by Kelly Brook (@iamkb)


Кели носела венчаница од британската модна дизајнерка Савана Милер, на која ѝ се заблагодари за уникатната креација направена по нарачка, и опишала „отворање“ на облаците што ги променило нивните планови, принудувајќи ги венчавката на отворено да ја преселат во блиската вила Torre di Cicero од 19 век.


View this post on Instagram

A post shared by Kelly Brook (@iamkb)


На свадбата имало педесетина гости кои отпатувале во Италија од целиот свет, а младенците не штеделе труд и пари за нивниот голем ден, па се’ организирале и платиле сечие сместување, поради што свадбата на крајот ги чинела половина милион евра.
Ѕвездата на реалното шоу „The Masked Dancer“ живее во Лондон со својот избраник, бразилскиот модел и актер Џереми Париси, а во врска се седум години.

View this post on Instagram

A post shared by Kelly Brook (@iamkb)

Потсетуваме дека во 2016. година експерти од Универзитетот во Тексас објавија дека оваа британска манекенка има совршено тело, а магазинот FHM ја прогласи за најсекси жена на светот.

View this post on Instagram

A post shared by Kelly Brook (@iamkb)


Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Годишен концерт на Културно уметничкото друштво Таше Милошевски

Во Спортската сала во Ресен, вечерва, со почеток во 19:00 часот ќе може да уживате …