(ФОТО) АКТЕРКАТА ОСУДЕНА ЗА С*КСУАЛНО ЗЛОСТАВУВАЊЕ НА ДЕВОЈЧЕ ИМА ГОЛЕМИ ПЛАНОВИ ПО ЗАТВОРСКАТА КАЗНА: Откриено како ги поминува деновите зад решетки!

Ѕвездата на Марвеловиот „Доктор Стрејнџ“, Зара Фитиан, која сексуално злоставувала 13-годишно девојче, наводно станала чистачка во затворот каде што ја отслужува казната.
Зара се запишала на курс за чистење со надеж дека ќе и олесни да најде работа кога ќе и заврши казната. На почетокот на оваа година, филмската ѕвезда беше осудена на 8. години затвор, а беше прогласена за виновна за сексуално злоставување на тинејџерка заедно со нејзиниот сопруг Виктор Марке. Злоставувањето траело три години, во периодот кога тинејџерката била на возраст од 13. до 15. години.

This image has an empty alt attribute; its file name is zara-fitijan-2.jpg


Зара Фитијан

Фитиан ја отслужува затворската казна во затворот Фостон Хол во Дербишир. Меѓу поранешните затвореници се и Максин Кар, наречена најомразената жена во Британија, откако му обезбеди алиби на нејзиното момче Иан Хантли, кој уби две 10-годишни девојчиња, и Карен Метјуз, која го лажираше киднапирањето на сопствената ќерка.
Таткото на Фитиан, Енди, кој ја посетува својата ќерка два пати месечно, за The Mirror изјавил: „Таа се справува изненадувачки добро. Ја ставија на курс за чистење. Да го направевте тоа во надворешниот свет добивањето на Сертификатот би ве чинел 5.000 фунти. Избрани се неколку на кои им беше дадена можност за да се покаже дека го ценат нивното добро однесување. Се надевам дека курсот ќе и биде корисен кога ќе излезе”.


This image has an empty alt attribute; its file name is zara-fitijan-3.jpg
Сопругот на Фитиан, Марке е осуден на 14 години затвор за злоупотреба на истата жртва и напад на друга девојка. Парот од Нотингемшир беше прогласен за виновен по 14. точки од обвинението за сексуалните активности.
Судот слушнал дека љубителот на боречки вештини и таеквондо Марке ја полил тинејџерката со рум пред да ја принуди на сексуален чин. Тој и Фитиан три години го малтретирале девојчето „еднаш или двапати месечно“ во нивниот дом.
За време на изрекувањето на пресудата на Марке, судијата рекол дека „девијантноста“ на Фитиан била обликувана од влијанието на Марке врз неа од рана возраст. На судот, исто така, му било кажано дека злоупотребата започнала откако Фитиан и дала на жртвата да се напие и ја прашала дали сака да „игра предизвик“ со нејзиниот сопруг. Марке потоа имал секс со ученичката околу 20. пати во различни прилики.

Таткото на актерката, сепак, е категоричен дека нејзиниот сопруг влијаел на неговата ќерка.
„Зара ја прифаќа својата ситуација и само се обидува да ја направи вистинската работа додека ја отслужува казната. Таа има работа во теретана каде што тренира и држи часови по јога и самоодбрана. Новите затвореници кои не ја познаваат мислат дека работи во затворот, па мора да им објасни дека и самата е затвореник. Мислам дека тоа е поради учтивиот начин на кој зборува и нејзиното образование“, рекол таткото.

This image has an empty alt attribute; its file name is zara-fitijan-1-683x1024.jpg
Таткото исто така открил и дека неговата ќерка планира да добие диплома за спортски науки додека е во затвор. Признал и дека на почетокот била многу тажна, и затоа била ставена во изолација, поради „сопствена безбедност“, но додава дека таа состојба сега престанала.
Да потсетиме, по изрекувањето на пресудата, членовите на семејството на Фитиан извикуваа „Те сакаме Зара“, на што таа одговорила: „Јас сум невина, и јас ве сакам“.

Извор: Jutarnji.hr

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …