(ФОТО) СМЕА НА ПОГРЕБ: Покојничката на сите им приредила изненадување!

Некролог објавен во локален весник вели дека бабата починала на 12. октомври на 81-годишна возраст и била позната по нејзината креативност, духовитост и одлична смисла за хумор.
Џоди Периман од САД штотуку докажала дека последното збогување не мора да биде бескрајно тажно, дека е можно во нив да се внесе малку ведрина со исклучителна смисла за хумор.
Г-ѓа Периман го напушти овој свет на 81-годишна возраст откако ја загуби битката со ракот, но нејзиното последно збогување со семејството и пријателите донело солзи – од смеа.
Всушност, како што открила објавата на нејзината внука на Твитер, г-ѓа Периман наредила да им се поделат специјални „картички“ на собраните на погребот, парчиња картон на кои залепила фотографија од себе со кренати два средни прста и т.н. Оуиѓи табла, предмет што таа го смета за алатка за комуникација со починатиот.


– Да останеме во контакт – напишала Периман, која била погребана пред неколку ден во Брекенриџ, Тексас.
Во некрологот објавен во локалниот весник Фултон Сан се вели дека Џоди Периман починала на 12. октомври на 81-годишна возраст и била позната по својата креативност, духовитост и одлична смисла за хумор.
– Ова го добив на погребот на баба ми. Каква икона! – напишала Грејси со објава на Твитер, потврдувајќи им на новинарите дека сите врескале од смеење кога ги отвориле пликовите и ја прочитале пораката од баба Џоди.

Фото: Архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

5 навики кои ги немаат луѓето со САМОДОВЕРБА: Се губат со време и труд

Самодовербата е богатство што го чуваме внатре. Тоа е верба во себе и сигурност дека …