Оскаровецот Џефри Раш добил 1,96 долари откако поради клевета тужел таблоид во Сиднеј кој тврдел дека глумецот сексуално напаствувал млада глумица.
Минатиот месец федералниот суд во Сиднеј утврдил дека Раш (67) бил клеветен, во текстовите објавени во 2017. година, и му доделил на Раш оштета од 850.000 долари.
Во четвртокот, судот на глумецот му доделил дополнителен интерес од 1,96 милиони американски долари и надомест за загубената заработката во минатото и во иднина, поради влијанието на тие текстови врз неговиот углед.
Исплатата, во висина од повеќе од 2,8 милиони долари, е највисока исплата за плаќање на клевета во Австралија, што едно лице ја примило од судот, наведува австралиската телевизија АБС.
Раш го тужел „Дејли телеграф“ во 2017. за клевета за текстови во кои тврделе дека глумецот сексуално ја вознемирувал и непримерено допирал една млада женска ѕвезда за време на изведбата на „Кралот Лир“ во Сиднеј 2015/16.
Во пресудата објавена во април, Сојузниот суд утврдил дека извештајот бил „безмилосен, неодговорен примерок од најлошото сензационалистичко новинарство” и дека актерката Ерин Жан Норвил била подложна на „претерување и зависност”.
Адвокатката на Раш, Сју Хрисантоу, во четвртокот рекла дека на почетокот на 2018. година, актерот им понудил на весниците да се извинат и да му исплатат 50.000 долари, но „Nationwide News” не одговорил, рече АБС.
Таблоид ќе поднесе жалба на пресудата.