Откриен е уште еден прекар во британското кралско семејство.
За време на посетата на градината „Back to Nature“ во склопот на проектот RHS Chelsea Flower Show, со кој на социјалните мрежи се пофалила војвотката Кејт Мидлтон, бил откриен прекарот на малечката принцеза Шарлот, која во прекрасната природа уживала со браќата, принцевите Џорџ и Луис.
Имено, тато Вилијам во едне момент малечката принцеза ја нарекол Минјонет. Прекарот Минјонет е со француско потекло и доаѓа од зборот „мињон“, што значи малечок, сладок, нежен.
The Duchess of Cambridge is a strong advocate for the proven benefits the outdoors has on physical and mental health, and the positive impact that nature and the environment can have on childhood development in particular. #RHSChelsea pic.twitter.com/MJPmbVkmIC
— Kensington Palace (@KensingtonRoyal) May 19, 2019
“I really feel that nature and being interactive outdoors has huge benefits on our physical and mental wellbeing, particularly for young children.” — The Duchess of Cambridge #RHSChelsea pic.twitter.com/uDLOXQY8L7
— Kensington Palace (@KensingtonRoyal) May 19, 2019
„Вилијам својата ќерка ја вика Минјонет. Колку слатко“, коментирал еден од обожавателите на кралското семејство.
Инаку, прекарите се многу популарни во кралското семејство и тоа толку што принцот Џорџ еден сам си дал на себе.
„Знаете, јас се викам Арчи“, рекол малечкиот престолонаследник.