(ВИДЕО) „Тој се врати“: Пристигнува новиот „Терминатор“ – погледнете го првиот трејлер!

„Терминатор:Мрачна судбина“ во кино салите ќе се најде од 31. октомври.
Џејмс Камерон, Арнолд Шварценегер и Линда Хамилтон повторно се на собир!
„I’ll be back”! – Славната реплика од најомилениот робот кој го толкува Арнолд Шварценегер во филмот „Терминатор“ од 1984. година ги исполнил очекувањата на љубителите на франшизата.
Од 31. октомври во кино салите ќе се најде филмот „Терминатор: Мрачна судбина“, кој претставува, како што авторите најавуваат, продолжување на вториот дел од филмот од 1991. година и кој повторно ќе ја собере старата, добро позната екипа – Арнолд Шварценегер во улогата на Терминатор и Линда Хамилтон во улогата на Сара Конор.


Освен актерската екипа позната по приказната за роботот, после скоро 30. години се враќа и Џејмс Камерон, филмаџија од кого се’ започнало. Овојпат само во улога на сценарист. Неговите филмови, првиот „Терминатор“ од 1984. година и уште попознатиот втор дел на „Термиантор 2 Суден ден“, кој го режирал одбележале крај на една ера.
Иако направил пауза во креирањето на Терминатор и франшизата им ја препуштил на други филмски работници, според зборовите на актерите, за ова шесто продолжение на филмот Камерон бил многу заинтересиран и вклучен:„Знаете дека Терминатор е неговото ‘бебе’ и многу е присутен на снимањето“, рекол во едно интервју Арнолд Шварценегер.
Ова последно продолжување на приказната за Терминатор го снимал студиото на 20th Century Fox а режисерската палка му ја препуштил на Том Милер („Дедпул“), а во останатите улоги се нашле и глумците Натали Рејес, Габриел Луна, Дијего Бонета, Мекензи Дејвис и други.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 10 години без нашиот познат фолк пејач Војо Стојановски

Војо Стојановски е роден на 2 февруари 1949 година во с. Букојчани, Кичевско. Тој беше …