ЈАНДРЕ Оперман забележал бебе со маска на целото лице во авион од Окленд до Велингтон, Нов Зеланд. На местото на очите биле направени дупки преку кои бебето може да види што се случува околу него. Јандре го фотографирал бебето, ја објавил фотографијата на Инстаграм и започнала дискусија за сцената.
„Бебето беше среќно, скокаше и се кикотеше. Тоа чекањето на излегувањето од авионот го направи малку позабавно“ напишала една следбеничка.
Фотографијата стана вирална и набрзо беше покриена од новозеландските медиуми. Според „Индипендент“, за некои бебето е како мал суперхерој, додека други сметаат дека родителите го доведуваат во опасност.
Viral Photo Shows Baby In Full Face Mask On New Zealand Flight https://t.co/1iMmZx1mES pic.twitter.com/yFuVS0xiIr
— NDTV News feed (@ndtvfeed) July 5, 2022
„Тој изгледа како минијатурен Зоро“, мислело едно лице.
„Да бев на тој лет, ќе и ја симнев маската од лицето“, рекла друга.
„Неверојатно е тажно што луѓето толку се плашат да не се заразат со коронавирус што им го прават тоа на бебињата“, рекол трет.
„Без разлика на се, мислам дека е опасно вака да се покриваат отворите за дишење“, вели четврти.
Според прописите на Нов Зеланд, сите патници на возраст над 12. години мора да носат маски на домашните летови. Совет за помалите деца е да носат маски кои одговараат и ги покриваат устата и носот.
Фото: Принтскрин/Twitter