ИАКО нејзиниот стомак изгледал како да носи близнаци, Елиана Родригез од Лас Вегас родила само едно дете: на 11. јуни на светот пристигнал Себастијан тежок 3713 грама и долг 52. сантиметри.
А една недела пред породувањето со царски рез, Родригез го покажала голиот стомак на Инстаграм и се соочила со голем број коментари за кои сметала дека се несоодветни.
View this post on Instagram
„Луѓето пишуваа за да проверат дали сум сигурна дека носам дете, дека мојот стомак е грд и огромен, дека мора да ме боли“, рекла Елиана.
Во исто време, многу мајки признале дека го слушаат истото, додека некои почнале да се обложуваат колку ќе биде големо бебето.
„Според некои, Себастијан требало да тежи повеќе од пет килограми. За некои мојот стомак беше нереален и признаа дека никогаш не виделе такво нешто“, додала таа.
View this post on Instagram
Просечното новороденче родено во термин тежи од 2,7 до 4 килограми.
Фото: Принтскрин/Instagram