(ФОТО) Ѕвезда на популарната серија е осудена на 12 години ЗАТВОР поради ПЕДОФИЛИЈА

Актерот собирал фотографии и видеа од експлицитна содржина на малолетници
Американскиот актер Џери Харис, ѕвездата на серијата „Cheer“ на Нетфликс е осуден на 12. години затвор поради сексуална експлоатација на малолетници, јавува Си-Ен-Ен.

Во февруари, Харис се изјаснил за виновен за серија дела на сексуално вознемирување и експлоатација на малолетници помеѓу 2018. и 2020. година.
Според обвинението од 2020 година, тој барал од малолетници фотографии и видеа со експлицитна содржина. Истата година, Харис бил обвинет и за недолично однесување кога барал сексуални односи од девојчиња на навивачки натпревар.
За горенаведените дела може да се изрече казна затвор до 30. години.


Фото: Принтскрин/YouTube/ellen

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …